Одобрена втората фаза од проектот за рамномерен регионален развој, вредна шест милиони швајцарски франци.
Одобрена е втората фаза од проектот за рамномерен регионален развој, откако Владата ја усвои информацијата за нејзина имплементација со поддршка од Владата на Швајцарија.
Министерството за локална самоуправа, информираат од владината прес-служба, е задолжено да предвиди средства од својот буџет за кофинансирање кое во наредните три години од 2022 до 2024 година е предвидено да изнесува два милиони швајцарски франци.
Тоа треба да биде дополнување на четирите милиони швајцарски франци за кои Амбасадата на Швајцарија испратила писмо со намери за реализација на оваа фаза од проектот.