Саудиска Арабија и Русија се согласија дека ќе го задржат производството на нафта на нивото од јануари во обид да го стабилизираат пазарот, објави катарскиот министер за енергетика.
Саудискиот и рускиот министер за нафта и нивните колеги од Венецуела и Катар “се согласија да го замрзнат производството на нивото од јануари, под услов другите големи производители го следат нивниот пример”, изјави министерот Muhamed bin Saleh al-Sad.
“Целта на овој чекор е стабилизирање на пазарот”, појасни al-Sad, кој моменално претседава со Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК). Состанокот во Доха според неговите зборови бил успешен, а министрите ја анализираа состојбата на пазарот и изгледите на понудата и побарувачката.
Се очекува и другите производители на нафта членки на ОПЕК и надвор од него, “истотака веднаш да започнат со интензивни разговори” во оваа насока, рече катарскиот министер.
ОПЕК досега не го промени нивото на производство и покрај ниските цени, поради одбрана на уделот на пазарот. Цените на нафтата од јуни 2014 година забележа пад од 70 проценти, поради притисокот од слабата побарувачката и загриженоста за светската економија, како и од прекумерната понуда стимулирана од производството на нафта од шкрилци во САД.
Водечките замји производители во Персискиот Залив, почнаа да ги чувствуваат ефектите од ниските цени на нивните буџети, а под притисок да се најде и Русија, дополнително погодена од влијанието на западните санкции поради конфликтот во Украина.