Мерките за економска поддршка на Грција ќе надминат 14 милијарди евра во 2021 година, што е двојно повеќе од предвидениот буџет, рече министерот за финансии Христос Стаикурас.
Апсолутно сме подготвени да одговориме на сите сценарија за април, дури и на најлошите, изјави тој, пренесува новинската агенција АНА.
Според него, Грција има 30 милијарди евра парични резерви, што е „доволно безбедносно ниво“.
Стаикурас истакна дека земјата се позајмила 22 милијарди евра во текот на изминатите две години, додавајќи: „Треба да бидеме внимателни и претпазливи“.
Иако рече дека постои голема несигурност во врска со динамиката на развој на пандемијата, тој ја остави отворена можноста за понатамошно намалување на даноците во 2022 година.