Денес истекува рокот за одложено плаќање на ратите на кредитите на физичките лица кои ги дадоа банките на одредени категории граѓаните погодени од здравствената криза.
Согласно новата регулатива, за нефункционална кредитна изложеност ќе се смета доспеан долг повеќе од 90 дена, а вкупниот износ на доспеани обврски треба да е поголем од 100 евра во денарска противвредност и да надминува еден отсто од целокупната искористена кредитна изложеност.
Тоа ќе значи дека доколку граѓанинот има нефункционална кредитна изложеност на еден кредитен продукт, ќе значи дека има нефункционална кредитна изложеност на сите кредитни продукти во банката.
Одложена отплата на кредитите имаше во два наврати од 1 април минатата година до 30 септември 2020 година и вториот од 1 октомври 2020 година заклучно со 31 март 2021 година.
Поради кризата настаната од болеста беше овозможена одложено плаќање на ратите на кредитите од 1 април 2020 година до 30 септември 2020 година. Понудата важеше за сите физички лица за одложување на отплатата на ратите за кредити, кредитни картички и/или дозволени пречекорувања, а кои на 29 февруари 2020 година беа класифицирани во категорија на ризик буква А, Б или В и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност.