Најпознатата дигитална валута расте од ден на ден, а автомобилите на Тесла веќе може да се купат со биткоини. Сепак, засега само во САД…

– Долгорочните прогнози за цените на биткоинот, засновани на долари, не се во ред – вели извршниот директор на компанијата „Кракен“, Џеси Пауел. Поради инфлаторната природа на фиат парите, тој предлага мерење на вредноста на биткоинот наспроти цените на луксузните автомобили.

– Мислам дека реков дека биткоинот оди до бесконечност и некако е тешко да се разбере, затоа што го мерам во долари – рече Пауел Блумберг, на прашањето да ја предвиди цената на најпознатата криптовалута на крајот на 2021 година.

Тој понуди алтернативни мерки за проценка на биткоинот, тврдејќи дека неговата вредност може да се зголеми од сегашната „цена“ или една паричка за Тесла Модел 3 – на „една паричка за Ламборџини“ до крајот на 2021 година, или „една паричка за Бугати“ до 2023 година .

– Мислам дека е полесно да се измери овој вид имот, бидејќи никогаш не знаете каде ќе биде доларот – забележува извршниот директор на „Кракен“. Патем, заради споредба, еден биткоин би можел да купи целосно нова Хонда Сивик до крајот на 2020 година.

Извршниот директор на Тесла, Елон Маск, на почетокот на овој месец изјави дека сега е можно да се купат возила на неговата компанија во САД – користејќи ја оваа криптовалута. Тој исто така најави дека луѓето надвор од САД ќе можат да плаќаат на ист начин, но „подоцна“.

Маск не ги прецизираше земјите или точното време кога тоа ќе биде можно. Биткоинот повторно започна да скока по веста дека компанијата Виза започна пилот програма за плаќање со дигитални пари. Во овој тренд на раст, тој е проследен со други криптовалути како што се ethereum и XRP.