Цените на нафтата во средата на меѓународните пазари се зголемија према 39 $, поддржани од сигналите од Кувајт дека производителите на претстојниот состанок најверојатно ќе постигнат договор за да го замрзнат нивото на производство.
На лондонскиот пазар цената на нафтата се зголеми за 90 центи во однос на претходното затворање на 38,77 $. На американскиот пазар нафтата се тргува за долар повисока цена од 36,95 $.
Нафтените пазари беа поддржани од изјавите на високи кувајтски претставници за сигурни индикации дека на состанокот на производителите закажан 17-ти април во Катар ќе постигнаа договор за замрзнување на производство.
Значителен пораст на цените е пригушен од изјавата на иранскиот министер за нафта Bijan Namdar Zangeneh дека до март следната година нивното производство треба да достигне четири милиони барели дневно, од кои имаат намера да извезува 2,25 милиони барели дневно. Во моментов извезуваат само еден милион барели дневно со оглед на неодамнешното укинување на санкциите.
Другите производители ветуваат дека ќе го замрзнат производството во близина на рекордните нивоа, што значи дека договорот нема значајно да го намали тековниот вишок на понуда од најмалку еден милион барели дневно.