Цените на нафтата во средата се одржаа на нивото од 44 $, притиснати од појакиот долар и загриженоста дека претстојниот состанок на производителите на нафта нема да го има очекуваниот исход.
На лондонскиот пазар цената на суровата нафта падна за 34 центи во однос на претходниот затворање, на 44,35 $. На американскиот пазар цената на суровата нафта се тргува за 49 центи пониска цена, од 41,68 $.
Во средата цената на нафтата се катапултира по објавата на руската новинска агенција Интерфакс, која, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори, пренесува дека Русија и Саудиска Арабија постигнале договор за замрзнување на производството и дека конечната одлука ќе зависи од Иран.
Но тој оптимизам во средата е пригушен од изјавата на саудискиот министер за нафта Ali Al-Naimi во весникот al-Hayat, со што ја потврди позицијата на неговата земја дека намалување на производството не доаѓа во обзир. “Заборавете ја таа тема”, рече Al-Naimi, запрашан за можно намалување на саудиското производство.
Иранскиот министер за нафта не планира да присуствува на состанокот во Доха, но Иран ќе испрати свој претставник, тврди ирански новинар од неделниот Seda на Твитер. Техеран веќе изјави дека нема намера да учествува во договорот за замрзнување на производството бидејќи настојува да го врати производството на нивото од периодот пред наметнување на санкциите.
Инвеститорите се загрижени и поради зголемувањето на залихите на сурова нафта во САД минатата недела, за 6,2 милиони барели, според податоците на Американскиот институт за нафта (API).