На меѓународните валутни пазари минатата недела зајакна доларот, после две недело слабеење, благодарение на порастот на цените на акциите на светските берзи, а инвеститорите се повеќе склони кон ризични инвестиции.
Девизниот курс на доларот во однос на јапонската валута минатата недела се зголеми за 0,6 проценти на 108,75 јени.
Американската валута зајакна во однос на еврото за 1,1 проценти на 1,1280 $. Еврото ослабе и во однос на јенот, за 0,4 проценти на 122,70 јени.
Последната низа на податоци од Кина ја поттикнаа надежта дека растот на втората по големина економија во светот се стабилизира, по долг период на забавување.
Како резултат на тоа, малку зајакна тенденција на инвеститорите кон поризични средства.
Јапонската валута додатно е притисната од изјавата на гувернерот Haruhiko Kuroda дека јапонската централна банка е подготвена да воведе дополнителни стимулативни мерки доколку очекувањата за инфлацијата и понатаму покажуваат слабеење на цени.
Американската валута во последниве неколку недели беше под притисок одткако претставници на ФЕД испратија порака дека треба да се биде претпазлив со зголемувањето на каматните стапки како резултат на несигурноста во глобалната економија.