Јенот во вторникот на меѓународните девизни пазари падна на најниско ниво во однос на доларот во последните две недели откако јапонските власти повторно предупредија дека би можеле да интервенираат со цел слабеење на јенот.
Во тие околности, на вредноста на доларот се зголеми за 0,4 проценти во однос на јенот на 108,895 јени, што е највисоко ниво во последните 12 дена.
Еврото во однос на јенот се зголеми за 0,45 проценти на 124 јени, што е највисоко ниво во изминатите речиси две недели. Во однос на доларот, еврото остана повеќе или помалку непроменето на 1,1385 долари.
Јапонскиот министер за финансии Таро Асо во понеделникот изјави дека Токио е подготвен да интервенира со цел слабеење на јенот доколку осцилациите на курсевите достигнат степен до кој тие се штетни за јапонската трговијата и економијата. Истата порака ја повтори и во вторникот.