Доларот во вторникот на меѓународните девизни пазари падна во однос кошница на валути пред објавувањето на новите индикатори. Долар индексот се намали за 0,2 проценти, на 94.414 поени.
Од главните валути кои ослабнаа во однос на доларот, се еврото и јенот, кои паднаа за 0,1 проценти односно 0,4 проценти во однос на доларот, бидејќи инвеститорите го канализираа капиталот во поризични категории на средства. Еврото во такви околности се тргува на 1,1328 $, додека доларот во однос на јенот се тргува за 109,46 јени.
Австралискиот долар е најголем победник помеѓу главните валути, зајакнувајќи за 1,2 проценти во однос на истоимената валута од САД. Покрај порастот на цената на нафтата, австралиската валута дополнителна поддршка доби од записникот од последниот состанок на австралиската централната банка, кој ги пригуши очекувањата за ново намалување на каматните стапки во Австралија.
Норвешката круна во еден момент скокна на највисоко ниво во последните две недели во однос на еврото, со добивки беа и канадскиот и новозеландскиот долар, чие движење исто така се потпира на движењето на цените на стоките.