Цените на нафтата во четвртокот на светските берзи паднаа под 48 долари, под притисок од страна на посилниот долар и неочекуваното зголемување на залихите во САД што потсети на обилната понуда и покрај тешкотиите во снабдувањето.
На лондонскиот пазар цената на суровата нафта падна за 1,29 $ на 47,64 $. На американскиот пазар нафтата се тргува за 1,06 $ пониска цена од 47,13 $.
Денес тежина врз цената на нафтата е посилниот долар, откако е објавен записникот од последната седница на ФЕД кој ги подгреаја очекувањата за подигнување на каматни стапки во САД. А посилен долар ја потиснува побарувачката со тоа што слабее куповната моќ на носителите на други валути.
Дополнителен притисок врз цените предизвика неочекувано зголемување на залихите во САД, за 1.31 милиони барели минатата недела, покажуваат официјалните податоци.