По корона кризата ќе има  зголемен ризик од финансиска нестабилност во еврозоната.

Со вакво предупредување излезе Европската централна банка (ЕЦБ).

Во анализата се истакнува дека владите се соочуваат со задача да најдат деликатна рамнотежа помеѓу предвременото прилагодување на мерките за поддршка, што може да предизвика бран на банкроти на компании. Се смета дека со предолгото спроведување на мерките за поддршка, ќе се одржуваат неодржливи компании.

„Поголем товар на долгови за компаниите во земји со поголем услужен сектор може да го зголеми притисокот врз нивните влади и банки“, изјави потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гвиндос.

ЕЦБ предвидува дека профитабилноста на финансиските институции во еврозоната ќе остане релативно слаба.