Растe цената на златото, a се очекува да достигне до 2.000 долари за унца за неколку месеци.
Вредноста на златната унца е 1.900 долари, што е највисоко ниво од 8-ми јануари. Челниците на ФЕД продолжуваат да истакнуваат дека сè уште не е време за заострување на монетарната политика затоа што повисоката инфлација, која сега ги придружува развиените економии, се очекува да биде поголема поради тесните грла во снабдувањето. Цената ќе расте, особено ако доларот продолжува да губи од вредноста.
Доларот ослабе и во однос на европската валута, за 0,3 проценти, така што цената на еврото достигна 1,2182 долари.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се намали за 0,4 проценти, на 108,95 јени.