Цените на нафтата во средата на меѓународните пазари го надминаа нивото од 52 долари, поддржани од страна на намалувањето на производството во Нигерија и податоците кои укажуваат на силна кинеска побарувачка.
На лондонскиот пазар нафтата се тргува за 67 центи повисока во однос на претходното затворање и изнесува 52,11 $. На американскиот пазар се тргува за 65 центи повисока цена од 51,01 $.
Поради прекинот на снабдувањето поради нападите од страна на милитантите на нигериската нафтена инфраструктура производство падна на најниско ниво во последните 20 години. Во средата, вооружени одмаздници од делтата Нигер објавија дека нападнале уште едно нафтено поле, овој пат во сопственост на американскиот Chevron. Нивна цел досега беше нафтената инфраструктура во сопственост на Shell и ENI.
Нигерискиот министер за нафта Emmanuel Ibe Kachikwu изјави дека производството е намалено за 1,5 до 1.6 милиони барели на ден, од 2,2 милиони барели на ден колку што изнесуваше на почетокот на годината.
Цените поддршка обезбедија и од податоците за кинеската трговија во мај, кои покажаа најголем скок на увозот на сурова нафта по повеќе од шест години, со што се зголемија надежите за стабилизација на вториот по големина потрошувач на нафта во светот.
Добрата вест на страната на понудата е и неочекувано силниот пад на залихите на нафта во САД минатата недела, за 3,6 милиони барели, што сигнализира за ублажување на проблемот на прекумерната понуда.