Вчера започна исплатата на субвенциите за предадените 27 милиони килограми тутун произведени во минатогодишната реколта.

По основ на државните стимулации за предаден килограм тутун во зависност од проценетата класа тие се од 60 до 80 денари а за тутунопроизводителите се издвоени една милјарда и 700 милиони денари.

За најголемиот производствен регион прилепскиот 14 милиони евра.

Поучени од проблемите при откупот и утврдувањето на класите од минатата реколта а со тоа и од парите што се добиени за субвенции дел од тутунарите велат дека годинава производството ќе биде намалено.

Во прилепскиот регион веќе започна производството на расад а наскоро ќе бидат засадени и првите земјоделски површини.