Почитувани читатели,

Неодамна беше стартуван проектот Ценометар.мк, прв и единствен од својот вид во Македонија.

На овој веб сервис можете да ги споредите цените на 50-те најчесто користени производи во едно просечно македонско домаќинство на месечно ниво. Цените се однесуваат на генерички производи и опфатени се маркети кои имаат територијална покриеност на целата држава. Оваа споредба може да ја вршите на табот Производи и Цени.

Исто така кога сте во овој таб на Производи и Цени со обично кликање на производот кој сакате да го купите добивате пресметка на кошничката по различни маркети. Со тоа, добивате значајна информација колку би Ве чинело пазарењето во различен маркет според Вашите желби и потреби. Заштедата која ја генерирате веднаш ја гледате и си носите најмудар избор без никакво влијание.

Исто така, на веб-сервисот Ценометар.мк ги имате сите актуелни понуди кои се на попуст во маркетите, производи на кои сметаме дека заштедувате значително, како и актуелните неделни флаери на маркетите.

Понудата за атрактивни производи на попуст можете да ја погледнете во секцијата Новости. 

Сите неделни летоци т.е. флаери може да ги пронајдете во секцијата Актуелни понуди.

Опфатени се следните маркети: Tinex, Ramstore, KAM, Стокомак и Kipper.

Со користењето на овој веб сервис, можете месечно да заштедете околу 4-5.000 денари.