Српски Nordeus е продаден на американската компанија Take-Two Interactive Software, Inc., а крајната цена може да достигне 378 милиони долари, пренесува порталот businesswire.
Според „Take-Two Interactive Software“, компанијата ќе плати 225 милиони долари однапред во готово и акции во вредност од 90 милиони долари, но крајната цена може да достигне 378 милиони долари, пренесува порталот „businesswire“.
Основачкиот тим на Нордеус ќе добие компензација за акциите и ќе продолжи да ја води компанијата.
Делот во готовина ќе биде финансиран од готовина на Take-Two.
Нордеус, основана во 2010 година, е компанија која развива игри за социјални мрежи и мобилни телефони, со седиште во Белград и канцеларии во Лондон, Даблин, Сан Франциско и Скопје.
Го водат неговите основачи Бранко Милутиновиќ, Милан Јововиќ, Иван Стоисавojевиќ и Томислав Михајловиќ.
„Воодушевени сме што се приклучивме на семејството Take Two. Од почетокот на разговорот… откривме дека споделуваме заеднички вредности, култура и визија. Од самиот почеток на 2010 година, до она што сме денес, Нордеус е изграден за да им даде на светот повеќе шампиони преку одлично искуство со игри како што се Top 11 … Возбудени сме што и нашите производи и нашата работа ќе ги однесеме на следно ниво со нив како што продолжуваме нашата цел е да ја ставиме Србија на глобалната гејмерска мапа “, изјави извршниот директор Бранко Милутиновиќ, по повод продажбата на компанијата, пренесува Н1.
„По десет години, станавме број 1 во фудбалски игри за на телефон и се чувствуваме подготвени за следниот чекор. Се чини дека следниот чекор ќе биде, на секој можен начин, подобар ако го земеме со партнер како Take Two “, рече Милутиновиќ.