СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.
Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ СО ПРОПИСИ во Служба за правни работи, усогласување со прописи и спречување перење пари и наплата на побарувања.
Кандидатот треба да ги исполнува следните обврски:
- Спроведува процена на ризикот од неусогласеност;
- Спроведува контроли за идентификација и мониторинг на ризикот од неусогласеност на активностите на Банката и подготвува корективни мерки за управување со тој ризик;
- Подготвува материјали во врска со усогласеноста на Банката;
- Подготвува извештаи за неусогласеност и веднаш, без одлагање ги доставува до соодветните менаџери;
- Придонесува за избегнување на конфликт на интерес во спроведување на своите одговорности, обезбедува независност и има непречен пристап до сите податоци и информации за исполнување на своите цели;
- Одржува знаење за релевантните прашања, закони и регулативи, правила и добри банкарски практики и одржува чекор со сите промени во законите, подзаконските акти и интерните акти и соодветно е информиран;
- Имплементира препораки од извршени ревизии од својата област;
- Учествува во контролите за заштита на Банката (превентивна улога);
- Подготвува материјали за советување на организациските единици за правилата и контролите во Банката (советодавна улога);
- Помага во плановите за надминување на потешкотиите кои би се појавиле во врска со усогласување (одлучувачка улога);
- Разгледува интерни акти пред да бидат усвоени од надлежните органи на Банката од аспект на усогласеност.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Универзитетска диплома, по можност во областа на правото, економија или друга меродавна област;
- Минимум 2 години работно искуство од областа на усогласување со прописи во банкарска институција или друга финансиска институција со соодветни активности во областа на усогласеност со прописите;
- Познавање на законска банкарска регулатива;
- Добро познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point);
- Организациски вештини;
- Аналитички вештини;
- Добри комуникациски способности;
- Подготвеност да ги почитува и активно да ги поддржува вредностите на Банката.
Банката нуди месечна нето плата во износ 43.000,00 денари.
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивационо писмо на македонски јазик може да ги достават на: [email protected] со назнака за “Референт за усогласување со прописи” најдоцна до 13.06.2021 година.