Затворање плус парична казна за фирмите кои нема да плаќаат за работа во недела. Новото законско решение предвидува поригорозни казни за работодавачите кои нема да ја почитуваат обврската за неделен одмор за работниците, но и за оние кои се на списокот на дејности кои мора да работат во недела, а нема да исплатата зголемен надомест на лицата кои ќе ги ангажираат.

43 дејности добија дозвола за работа во недела затоа што кај нив не може да запре работниот просец. Меѓу нив се и трговските центри за кои анализите покажаа дека дури 40% од прометот го остваруваат во недела. За работниците во овие фирми ќе има најмалку за 50% повисока дневница,  за оние во трговските центри пак, таа ќе биде двојно зголемена.

Освен зголемена дневница, работникот кој работелев во недела добива и слободен ден од текот на следната седмица. Трговските центри пак, ќе работат само од една смена од 8 до 16 часот и 2% од прометот ќе го плаќаат во буџетот.