Халкбанк АД Скопје ги известува своите клиенти дека почнувајќи од 02 јуни 2021 година, на шалтерите на А.Д. Пошта на Северна Македонија е достапна услугата за уплата на дневен промет на трансакциска сметка.
За користење на услугите преку Пошта, потребно е клиентите еднократно да потпишат образец – Согласност за користење на услуги во Пошта, кој е расположив на шалтерите во филијалите на Банката. Овој документ ја изразува согласноста на клиентот за користење на услугите на шалтерите на Пошта во согласност со Политиките и Процедурите на Халкбанк АД Скопје.
Тарифата за користење на оваа услуга изнесува 0,2% од уплатениот износ, односно мин. 20 денари.