Кратко време по отворањето на гласачките места, каде британците треба да одлучат дали се за останување или излез на Велика Британија од Европската унија, фунтата на меѓународните пазари достигна највисоко ниво во однос на доларот оваа година, како резултат на најновите анкети кои покажуваат блага предност за останување на Британија во Унијата.
Фунтата во еден момент во однос на доларот достигна 1,4847 $ , највисоко ниво оваа година. Потоа се тргуваше на 1,4770 $, што значи дека зајакна за 0,4 проценти во споредба со крајот на тргувањето од претходниот ден.
Вредноста на доларот остана повеќе или помалку непроменета во однос на јенот на 104,50 јени. Еврото зајакна во однос на доларот за 0,3 проценти на 1,1330 $.
Намалениот страв од напуштање на Велика Британија на Европската унија го поддржа зајакнувањето на фунтата во однос на доларот за околу 3 проценти од почетокот на оваа недела, но со оглед дека е тешко да се предвиди крајниот исход на референдумот претпазливоста кај инвеститорите останува.