Пред извесно време во редакцијата на БанкоМетар.мк стигна анонимно писмо од вработени кои поради последниот развој на настаните во банката се загрижени за следното:

Имено, новото раководство предводено од Шпаркасе Банка, босанските гавази и домашните давајгази покрај притисокот и отворената пресметка со сите вработени од постариот ешалон ( луѓе на покојниот директор Најденко Попоски – според нивните средновековни мненија ), дошло време да се „решат“ и од скромната биста на овој човек која стои под скалите на влезот во банката, која самиот тој ја изгради!

За неупатените, покојниот директор на Охридска Банка А.Д. Охрид – ја создаде – заедно со охридските акционери – индустриски гиганти како Отекс, ЕМО, Застава, Галеб, Лихнида, Братство и други, првата приватна и првата локална банка во пост-југословенска Македонија. Вработуваше 180 луѓе кои работеа и живееа среќно и удобно. Банката ја издигна на ранг од голема банка и беше четврта по ред во актива во Македонија. Го помагаше и изгради финансиски секој посериозен бизнис во Охрид и југозападна Македонија, ја помагаа секоја локална иницијатива и здружение, изгради Капела, фонтани и други добротвори кон својот народ во Охрид.

Банката, на негово барање се продаде на француските хохштаплери Сосиете Женерал во 2006-та година, кои после 10 годишно молзење и финансиско левериџирање ја сведоа на бизнис модел. Истите пред извесно време ја препродадоа како на ајван-пазар на други хохштаплери – овој пат од Австрија под име Шпаркасе банка. Со превземањето на овие банкарски аматери за кадарот и потенцијалот кој Охридска го има и имаше, самото по себе нелогичност, продолжуваат нелогичностите. Ќе наведам некои од нив:

Остана само централата во центарот на градот, сега сакаат новите визионери да целата ја рушат, преградат и да ја издаваат за кацеларифчиња за останати хохштаплери од ранг на адвокати, нотари и извршители.

Вработените се подложени на невиден притисок, тортура, мобинг и останати форми на психо-финансиско насилство. Подобни се оние со добри лизачки јазици или меки гзови. Секој ден, во средби со вработени од банката, луѓето се жалат на невидениот третман од новите гавази кои им се претпоставени. Секојдневно си одат добри вработени – солиден кадар.

На крај, за овие хохштаплери, дојде да им пречи бистата која вработените самоиницијативно и во знак на благодарност му ја кренаа на овој голем човек. Замислете, им пречи мала биста под скалите на влезот во централата.

Бидејќи сега зградата, после аквизицијата на Охридска Банка од Сосиете Женерал кон Шпаркасе банка – правно-формално им припаѓа на новите газди ние немаме што многу технички да правиме. Можат да прават што сакаат и со зградата и со бистата.

Но, доколку ја тргнат бистата, јас лично, а има и многуистомисленици и во банката и во градот, отворено ќе повикуваме на бојкот на банката на секое ниво! Нема да отворите нова трансакциска сметка а не да пласирате кредит. Бистата не ви пречи воопшто!

Тоа што ви пречи е вашиот комплекс, исфрустрираност, морбидна злокоб или накратко, тешко говнарство, кое сега новиве, како и старите хохштаплери – газди го донесоа од матичните земји.

Ова писание да се сподели, за да навремено прочитаат таму одговорните во Шпаркасе Штаеркуришемаерфраер дека ова нема така да помине и да се откажат од идејата !

 

Наум Димитровски