Биткоинот повторно влезе во црвената зона и забележа пад од околу 9 проценти за 24 часа. Околу 11 часот, еден биткоин вредеше 35.900 американски долари и тоа е нивото на кое многу инвеститори се фаќаат едни со други за глава, но многумина исто така одлучуваат да „влезат во игра“.
Ethereum изгуби уште повеќе во својата вредност. Со минус од околу 11 проценти за 24 часа, вредноста на оваа криптовалута падна на 2.607 долари.