На меѓународните валутни пазари минатата недела во фокусот беше британската фунта, која по одлуката на Британците за напуштање на Европската унија забележа рекорден дневен пад и во однос на доларот падна на најниско ниво во последните 31 година.
Фунтата во петокот потона за повеќе од 8 проценти во однос на доларот на 1,3680 $, а во еден момент падна и на само 1,3228 $, што е најниско ниво од 1985 година.
Под притисок е и еврото, па во однос на доларот минатата недела падна за 1,4 проценти на 1,1118 $.
Еврото ослабе и во однос на јапонската валута, за 3,2 проценти, на 113,65 јени.
Доларот во однос на јапонската валута падна за 1,8 проценти на 102,20 ¥, а во еден момент за прв пат по две и пол години, падна под 100 јени.