Русија во рок од еден месец целосно ќе го елиминира американскиот долар во структурата на Националниот фонд за богатство (ФНБ) и ќе го намали уделот на британската фунта, објави рускиот министер за финансии Антон Силуанов на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
“Ние, како Централната банка, решивме да ги намалиме средствата на Фондот инвестирани во доларски средства. Во денешната структура, околу 35 проценти од активата на ФНБ се инвестиции во долари. Одлучивме да се повлечеме целосно од доларите и да инвестираме во заменете на доларот со зголемување на уделот во еврото и златото “, рече Силуанов, пренесува ИтарТасс.
Тој додаде дека преминот кон новата структура на ФНБ се очекува во рок од еден месец.
Тој прецизираше дека уделот на доларот во структурата на Фондот ќе се сведе на нула, уделот на британската фунта ќе се намали од 10 на пет проценти, уделот на јапонскиот јен ќе остане на пет проценти, додека уделот на еврото ќе се зголеми од 35 на 40 проценти, кинескиот јуан од 15 на 30 проценти, а златото ќе влезе во структурата со учество од 20 проценти.
На прашањето кога тоа ќе се случи, Силуанов рече „прилично брзо, во рок од еден месец“.