Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје го објави Годишниот извештај за работењето во 2020 година.

Во услови на здравствена криза, Развојна банка се истакна со солиден капацитет и способност за брзо прилагодување на новонастанатите услови со цел пресретнување на потребите на реалниот сектор за финансиска поддршка.

Реализирани активности во 2020 година:

– Банката го поддржа реалниот сектор со кредити во износ од 81 милион евра

– Оствари зголемување на обемот на осигурување на домашни и извозни побарувања за 34% во однос на 2019 год.

– Оствари зголемување на обемот на факторинг за 29% во однос на 2019 год.

Активата на банката е зголемена за 16% во однос на 2019 год. и Банката оствари позитивен финансиски резултат, кој се распределува во резервите со што се зајакнува потенцијалот за понатамошна поддршка на реалниот сектор.

Објавениот Годишен извештај за работата на Развојна банка на Северна Македонија и Ревидираните финансиски извештаи се достапни на веб страницата на банката