СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. 

Банката вработува БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО ТЕТОВО, во Служба за мрежа на експозитури.   

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:

  • Ги исполнува таргетите за пораст/продажба, приходи во експозитурата
  • Го развива и одржува клиентскиот однос со клиентите од населението, така што обезбедува професионални финансиски решенија во областа на комерцијално позајмување.
  • Ги одредува финансиските потреби на клиентите и ги следи трендовите на пазарот/конкуренцијата со цел советување на клиентите и предлагање на конкретни производи кои ќе ги исполнат нивните барања.
  • Ги промовира производите и услугите на Банката за население на постоечките и потенцијалните клиентите со цел да се постигнат личните таргети и да се придонесе за перформансите и профитабилноста на Експозитурата.
  • Ги подготвува и поднесува индикативните понуди за клиентите на Банката од редовите на населението
  • Им пренесува информации на претпоставените и на другите служби за конкретни потреби на клиентите, нивните барања или пазарните трендови, со што придонесува за осмислување на ажурирани производи насочени кон клиентите. 
  • Го започнува процесот на издавање кредити врз основа на примени апликации за кредити производите на банката.
  • Делува проактивно со цел да се избегнат оперативните проблеми на клиентите, информира и ги советува клиентите во фронт службите со цел да ги промовира производите и услугите на Банката.
  • Врши вкрстена продажба на банкарските производи

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Универзитетска диплома во областа на економија, финансии и банкарство
  • Најмалку 1 година искуство во банкарски сектор
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Добро познавање на локалниот пазар
  • Добро познавање на банкарските производи
  • Добри организациски и комуникациски вештини
  • Можност за самостојна работа
  • Флексибилност

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок. 

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивациско писмо на македонски јазик може да ги достават на [email protected] со назнака за “Банкарски службеник во експозитура во Тетово” најдоцна до 11.06.2021 година.