Растот на светската економија во 2021 година се очекува да достигне ниво од 5,6 проценти, што е најбрзо закрепнување од рецесијата во изминатите осумдесет години, пред се заради силното закрепнување на неколку големи економии. Сепак, многу пазари во развој и земјите во развој ќе продолжат да се борат со пандемијата КОВИД-19 и нејзините последици, рече Светска банка во својот извештај за глобалните економски изгледи.

И покрај закрепнувањето, глобалното производство до крајот на оваа година ќе биде за околу 2% помалку од предвидувањата пред пандемијата. Околу две третини од пазарите во развој и земјите во развој нема да го надополнат падот на приходот по глава на жител до 2022 година. Во економиите со ниски примања, каде вакцинирањето се одложува, ефектите од пандемијата ги неутрализираа претходните успеси во намалувањето на сиромаштијата и зголемената несигурност и долгорочните предизвици.

„Иако се забележуваат охрабрувачки знаци на глобално закрепнување, пандемијата продолжува да им носи сиромаштија и нееднаквост на луѓето во земјите во развој низ целиот свет“, рече претседателот на Групацијата на Светска банка Дејвид Малпас.

За пазарите во развој и економиите во подем како целина, годинава се предвидува раст од шест проценти, главно заснован на повисока побарувачка и зголемување на цените на суровините. Сепак, во многу земји, заздравувањето заостанува како резултат на повторното појавување на COVID-19 и доцнењето на вакцинацијата, како и поради повлекувањето на политичката поддршка во некои случаи.

Во земјите со ниски примања, според предвидувањата, оваа година ќе се забележи најбавен раст во последните дваесет години, не сметајќи ја 2020 година, што делумно се должи на бавниот проток на вакцинација. Земјите со ниски приходи се предвидува да пораснат за 2,9 проценти во 2021 година.