Тамам даде Господ да се разговара за некакви си работнички права на угнетениот плебс во Македонија, работата од одма зеде криви правци, автентични толкувања, разни мудрувања и генерални просерувања.

Прво се создаде некаква си комисија, која ќе биде лагер, лост или мост – кој ќе ги поврзува, артикулира и „пегла“ барањата на работниците, газдите ( по модерно речено бизнис секторот ), синдикатите, Владата и други учесници. Штом се создава некаква комисија или агенција, тоа е прв знак дека нема да има ништо од работата и трудот.

Си договарале таму, преговарале, на маса извадиле сите аргументи, факти, оружје, лаги и лакомија, и соопштење за јавности е скувано. Сега тоа соопштение – адвокат на транзицискиве мешлаци – мора да го соопшти некој. Кој ќе биде – што ќе биде – мора да бараат фол – па затоа најдоа вол.

И излегвит овој вол, со уредно залижана фризура а ла предратни швалер, полн самодоверба и простотилак, сепак на камери е – го наду мешлакон ко гајда мариовска и почна да ни ги објаснува сите автентични толкувања на новиот Закон за работни односи. Од „експозето“ на волов – можевме да разбериме дека „тази дупка – не е дупка“. Уствари, неработнава недела за робовиве – е работна во сектори каде производството не може да мирува, трпи продукцијата и не може да се прекине фордовскава бескрајна лента. Се подзадумав за кои тоа производствени капацитети зборува, за кои наши нуклеарни централи, метроа, страшни аеродроми или фабрики гиганти зборува, кога одма овој волов ми појасна :

-Цитирам- „ Не може некој да вложил 20-30 милиони евра во некој мол, и сега да не може да работи во недела“ – Затворен цитат. Затоа сакам и јас да му се обратам на овој вол:

– Море вол, нас, на граѓаните, угнетените и ограбените, отапаните на кои им е оддамна стемнато, воопшто не ни е гајле кој и со колку пари отворил мол… Што има мојата слободна недела – со неговата незаситлива глад за профит? Ако толку му се работи, нека се впрегнит и нека работит тој. За работниците без исклучок ( освен некој минорни ) треба од ред да не се работи во недела.

Зошто да работат маркетите? Па ако знам бе вол, дека во недела не работи, ќе си купам се во сабота.

Зошто да работат па и ресторани или кафани, кафиќи? Овој „богат“ и „воздигнат“ народ не го берит да ојт во природа, сонце, скари и гитари, на свеж воздух, како цела цивилизирана Европа? Или морат баш во недела да се лигает по масине? До толку сме богати што ако кафана не работит во недела настанвит апокалипса? Извините боеми ако е така…

Зошто дури и текстилци и разни мануфактури од почетоците на индустриската револуција кои ги имаме, а само такви имаме, мораат да работат во недела? Или нека вработи повеќе луѓе или нека го предимензионира производството. Нека се снајде… Ниедни пари, а особено парите кои му ги прават угнетените работници на нашиве „газди“ не се вредни еден ден слободен на секој со фамилијата. Ја немаат таа цена. Не им ги крадете и овие моменти на луѓето. Тие се секако бесценети.

Затоа море вол, на работничкава класа не не боли патка за никаков мол, ниту за газдата-вол на тој мол. Што има нашата слободна недела со некој си мол… И кај најде баш мол, па тоа е мртов концепт. Светот ојде онлајн.. Се затвараат огромен број молови на Запад. Овде се отвараат само… Ама од кај би знаел тој вол кој го гради? Тој вол си гради мол и праќа да му ги брани интересите – како тебе вол – кој вака надуен, задишан и себевозљубен – не можам да оценам дали пред интервјуто бил или по интервјуто оди во меане „Крива чешма“ – каде сите етно мажиња со мешиња, налукани му смислувате нови „јавања“ на вработените….

 

Наум Димитровски