Власта пред да донесе ваков закон за недела неработен дена треба прво да ги сослуша стопанствениците и оние кои што имаат потреба и кои што треба да ја закрепнат економијата во државата, вели портпаролката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„Па многу пати досега сме кажале дека популистичките мерки кои што Социјалдемократскиот сојуз ги презентира во јавноста, многу пати од секторот кој што е од стопанскиот сектор наидоа на недоразбирања. И бараме да бидат слушнати стопанствениците и оние кои што имаат потреба и кои што треба да ја закрепнат економијата во државата”, прече Митева, одговарајќи на новинарско прашање како ВМРО-ДПМНЕ гледа на законот за работни односи, кој што предвидува недела да биде неработен ден.