На меѓународните валутни пазари минатата недела доларот во однос на кошницата валути се одржа на највисокото ниво во последниве 14 години, во однос на јапонскиот јен зајакна, додека во однос на еврото стагнираше.
Курсот на еврото во однос на доларот на неделно ниво остана речиси непроменет на 1,0590 $, но во текот на неделата се спушти до 1,0518 $, што е најниско ниво од март минатата година.
Во однос на јапонската валута доларот минатата недела зајакна за 2,0 проценти на 113,15 јени, а во еден момент достигна и 113,90 јени, што е највисоко ниво во последните осум месеци.
Вредноста на доларот се зголеми и во однос на повеќето други валути, па неговиот индекс, што ја покажува вредноста на доларот во однос на шестте големи светски валути, се одржа во близина на највисоко ниво од 2003 година.
Зајакнувањето на доларот е благодарение на растот на приносите на американски обврзници, со оглед дека се очекува зголемување на каматните стапки од страна на Банката на федерални резерви (ФЕД) и зајакнување на инфлација во САД.
По победата Доналд Трамп во трката за Белата куќа, приносите на американски обврзници се зголемија снажно, бидејќи во својата политика најави протекционизам и воведувањето на високи царини за увоз на производи, преку инвестиции во инфраструктурата до зголемување на фискалната потрошувачката и намалување на даноците може да предизвика инфлација.
Поради очекуваниот раст на инфлацијата во иднина, се очекува ФЕД во декември да ги зголеми каматните стапки. Пазарите сега проценуваат дека шансите ФЕД да ги зголеми каматните стапки на крајот на годината се повеќе од 80 проценти, а наредната година е можно и да се забрза темпото на раст на каматите.
Од 8 ноември, кога Трамп победи во трката за Белата куќа, вредноста на доларот во однос на кошницата валути се зголеми за речиси 4 проценти.