На меѓународните валутни пазари минатата недела доларот ослабна втора недела по ред, бидејќи новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп не објави детали за политиките што има намера да ги води.
Курсот на еврото во однос на доларот минатата недела се зголеми за 1,05 проценти, на 1,0640 $, повлекувајќи се подалеку од 1,0364 $, најниското ниво од јануари 2003 година, на кое се спушти на почетокот на оваа година. Во однос на јапонската валута доларот минатата недела се ослабна за 2,10 проценти, на 114.50 јени.
Долар индексот минатата недела се намали за 0,7 проценти на 101,20 поени. Од 8 ноември, кога Доналд Трамп победи на претседателските избори, долар индексот се зголеми за повеќе од 4 проценти, а на почетокот од оваа година достигна 103,82 поени, највисоко ниво од декември 2002 година.
Доларот зајакна на крилјата на оптимизамот дека политиката на намалување на даноците, зголемувањето на фискалните и инфраструктурните трошоци, кои Трамп ги најави во изборната кампања, дополнително ќе ја зајакнат американската економијата, но исто така и инфлацијата.
Поради оваа причина оваа година се очекува зголемување на каматните стапки на Банката на федерални резерви во три наврати, во декември се зголемија за 0,25 процентни поени.
Но, во изминатите десет дена, доларот изгуби на интензитет одкако Трамп не објави детали за каков вид на политика во однос на економијата има намера да води.
“Во последниве денови, инвеститорите не се склони на ризични инвестиции. Едноставно недостасуваат информации во врска со плановите на Трамп во врска со фискалните стимулации, даночните реформи и намалување на регулативата”, вели Karl Schamott, директор на валутниот оддел на Cambridge Global Payments.