Цените на нафтата во вторникот на меѓународните пазари забележаа пораст до $56, поддржани од послабиот долар и пораката од Саудиска Арабија дека ќе го намали производство во согласност со договорот, тоа го потисна во позадина зголемувањето на производството во САД.
На лондонскиот пазар цената на суровата нафта се зголеми за 66 центи на 56,52 $. На американскиот пазар суровата нафта се тргува за 78 центи повисока цена, од 53,15 $.
Поддршка на пазарите нафтата обезбеди од послабиот долар, кој се најде под притисок откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека силна американска валута му штети на конкурентноста на САД. Цените на нафтата се изразени во долари, па послабата американска валута ја зголемува куповната моќ на имателите на другите валути и на тој начин расте побарувачката за нафта.
Покрај тоа, поддршка нафтата доби и од пораката на најголемите извозници Саудиска Арабија дека ќе истраат во одлуката за намалување на производството, во согласност со договорот на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и некои независни производители, како што се Русија.
Во фокусот на трговците исто така е зголемувањето на производството во САД, што може да го неутрализира ефектот на намалената понуда од другите земји.