Странските туристи ги откажуваат аранжманите за Охрид, а нема ниту домашни кои годинава заминаа за Грција, Црна Гора, Албанија… И покрај тоа што туристичката сезона е на почеток, туристичките работници не веруваат дека годинава ќе биде подобра од лани. Домашните туроператори, кои носат странски гости во државата, велат дека состојбата е лоша и ништо не може ни да се планира. Сметаат дека сето ова е резултат на задоцнетата комуникација и координација на институциите со најзначајните туроператори од странство. Засега има најава за мал број странски гости кон крајот на јули и август, но и нивното доаѓање, ќе зависи од ситуацијата со делта сојот
Странските туристи ги откажуваат аранжманите за Охрид, а нема ниту домашни кои годинава заминаа за Грција, Црна Гора, Албанија… И покрај тоа што туристичката сезона е на почеток, туристичките работници не веруваат дека годинава ќе биде подобра од лани. Државата нема стратегија за туризам, а состојбата е уште полоша и поради фактот што странските туристи немаат каде да се информираат за условите за патување и престој во нашата држава. Сопствениците на хотели и вили велат дека сега е веќе доцна истите сместувачки капацитети да ги огласат на Booking и на Airbnb.
Домашните туроператори, кои носат странски гости во државата, велат дека состојбата е лоша и ништо не може ни да се планира. Сметаат дека сето ова е резултат на задоцнетата комуникација и координација на институциите со најзначајните туроператори од странство. Засега има најава за мал број странски гости, кон крајот на јули и август, но и нивното доаѓање ќе зависи од ситуацијата со делта сојот.
-Странските туристи не можат да се информираат кои протоколи важат во нашата држава, бидејќи на веб-страниците на министерствата нема податоци на англиски, туку само на македонски и албански. Овој пропуст на надлежните институции на крај ќе го платиме ние туристичките работници. Странски гости уште нема, а домашните кои беа лани годинава отидоа надвор од државава, вели Бошко Дамоски, сопственик на вила „Антигона“.
Двата холандски туроператори „ТУИ“ и „Корендон“ преку кој во Охрид доаѓаа најголемиот број туристи ги откажа аранжманите за летната туристичка сезона. Во моментов од Полска има два чартер лета неделно, но по одлуката на тамошните власти за воведување на карантин при враќање дома состојбата се усложнува.
-Холанѓаните се тука од мај до октомври, закупуваат апартмани за 5-6 месеци. Тоа се големи загуби за сматувачките капацитети, бидејќи со раскинувањето на договорите ние губиме многу пари. Освен Холанѓаните, аранжманите ги откажаа и туристите од Белгија, Полска и Израел. Од друга страна, пак, сега е веќе доцна истите сместувачки капацитети да ги огласиме на Booking и на Airbnb. За нас и оваа туристичката сезона е целосно загубана, вели Дамоски.
Сопствениците на приватните сместувачки капацитети велат дека не добиле можност од државата кај нив да се користат ваучерите за одмор на граѓаните кој лани колку-толку им ги покриле загубите.
Шпицот на сезоната се очекува да почне на 15 јули и овој пат како и лани хотелиерите ќе се потпрат на домашните и туристите од соседните држави. Но и тие прашање е дали ќе дојдат бидејќи сега имаат можност да излезат надвор од државата.
Според статистика, до мај годинава бројот на странски гости е намален за 20 отсто споредено со 2020 година. Македонија загуби 144 милиони долари девизен прилив од странските туристи поради пандемијата во 2020 година. Минатата година биле остварени 252,05 милиони долари од странските посетители, додека една година претходен износ бил 395,92 милиони долари.