Резервната банка на Индија (РБИ) ја обвини MasterCard за кршење на законите за складирање податоци, пренесува британскиот јавен сервис BBC.
Централната банка изјави дека MasterCard не ги почитува прописите донесени во 2018 година, со кои се налага мрежите на странски картички да складираат податоци за хинду плаќања исклучиво во Индија.
Овие регулативи му овозможуваат на регулаторот „непречен пристап во увидот“ во деталите за плаќањето.
На MasterCard ќе им биде забрането да издава дебитни, кредитни или при-пејд картички на клиенти во Индија од 22 јули.
Американската компанија за картички, која обезбедува платежни услуги на глобално ниво, сè уште не се огласи по овој повод.
Одлуката на RBI нема да влијае на постојните клиенти на MasterCard.