На светските берзи паднаа цените на акциите минатата недела, бидејќи инвеститорите стравуват дека ширењето на делта варијантата на коона вирусот во светот ќе го забави закрепнувањето на економиите, а високата инфлација ќе ги наведе централните банки да ја заострат монетарната политика.
Падот на индексите во последните четири недели се должи на значителниот пад на цените на акциите во петокот, откако беше објавено дека бројот на случаи на новоинфицирани со коронавирус во САД минатата недела се зголеми за 70 проценти и бројот на смртни случаи за 26 проценти.
Досега, инвеститорите ги игнорираа вестите за ширењето на делта варијантата на вирусот во Азија и Европа.
Според анализите, индексот на технолошкиот сектор S&P 500 загуби повеќе од 1,5 проценти во четвртокот и петокот. Енергетскиот сектор минатата недела падна уште повеќе, во просек 8 проценти, како резултат на падот на цената на нафтата, откако членките на ОПЕК се согласија на компромис за зголемување на производството.