Компаниите бараат дефинирање на помошните и на поддржувачките процеси

Ќе се формира работна група за да се олесни подготовката на подзаконскиот акт на измените на Законот за работни односи, со кој се воведува недела како неработен ден, а со кој ќе се дефинираат дејностите и работите што не смеат да бидат прекинати заради непречено обавување на дејноста на компаниите.

– Беа истакнати потребите и процесите на компаниите од Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство, но и на другите компании, кои не смеат да го нарушат континуитетот на технолошкиот процес во целост, а кои се дефинирани како помошни или поддржувачки процеси. Овие предлози, ќе бидат доставени до крајот на јули до Министерството за труд и социјална политика, како и до Владатасоопштија од Стопанската комора на Македонија.

Компаниите очекуваат предлог-подзаконскиот акт да биде доставен на разгледување до сите засегнати субјекти до средина на август за да има доволно време за прецизирање до неговата целосната имплементација.