Еден од предлозите е компаниите што вршат трансфери на крипто-валути да бидат обврзани да ги наведат името, адресата, датумот на раѓање и бројот на сметката на примателот.

ЕУ планира да направи измени во сегашните закони за да овозможи следење на трансферите на биткоин.

Предложените измени на законот ќе ги принудат компаниите што вршат трансфери во биткоини или други криптовалути да собираат информации за примателот и испраќачот.

Корекциите на регулативата ќе го олеснат следењето на трансакциите со крипто-валути и ќе помогнат да се запре перењето пари и финансирањето тероризам, објави Европската комисија,.

Новите правила, кои би можеле да бидат донесени за две години, исто така ќе го оневозможат обезбедувањето анонимни трансфери на крипто-средства.

Европската комисија се залага трансферите на криптовалути да подлежат на истите прописи за спречување на перење пари како и обичните електронски трансфери, така што еден од предлозите е од компаниите што вршат трансфери на криптовалути да се бара да го наведат името, адресата, датумот на раѓање и бројот на сметката на примателот.