Кина ќе продолжи да го отвора својот финансиски сектор и да ги подобрува процедурите за влегување на странски банки и осигурителни компании на домашниот пазар, објави владата во Пекинг, објавија државните медиуми.
Исто така, ќе се подобрат регулативите за прекугранични трансакции помеѓу матичните финансиски институции во странство и нивните подружници во Кина, се вели во соопштението на Владата без да се наведат детали, пренесува Ројтерс.
Понатаму се додава дека властите исто така ќе работат на подобрување на нивната макропрудентна рамка за следење на системските финансиски ризици, како и дека Кина ќе одржи стабилен курс на јуанот.
Кина ги засили напорите да го отвори својот финансиски сектор за поддршка на привлекување повеќе странски инвестиции и поддршка на економскиот раст, како резултат на раздорот со Соединетите држави, според британската агенција.