Десетици сицилијански градови се соочуваат со банкрот поради трошоците за расчистување на вулканскиот пепел од планината Етна, чии ерупции редовно се случуваат од февруари оваа година.

Италијанската влада затоа посвети пет милиони евра за да им помогне на неколку од најзагрозените населени места во отстранувањето на вулканската пепел, бидејќи се проценува дека со секоја нова ерупција, трошоците може да достигнат и до над еден милион евра.

– Ситуацијата е многу сериозна. Улици, плоштади, покриви, балкони, автомобили – се е покриено со пепел. Околу 25.000 тони пепел паднаа врз нашиот град од март досега. „Луѓето користат чадори за да се заштитат“, вели Алфио Превитера, локален службеник од градот Јара, за Гардијан.

Според италијанскиот закон, пепелта спаѓа во категоријата специјален отпад, со што се зголемуваат трошоците за негово отстранување на околу 20 евра за метар кубен.

– За да се справат со оваа вонредна состојба, некои од градовите влегоа во големи долгови. Се соочуваме со финансиски колапс – предупреди Превитер.

За да избегнат банкрот на градовите, минатата недела во Сенатот беше предложен закон со кој пепелта повеќе нема да се смета за посебен отпад.

– Благодарение на овој закон, трошоците за отстранување ќе бидат значително намалени. Овој закон дозволува, на пример, пепелта да се користи во земјоделството за да се направи земјата плодна, или во градежништвото како еден вид материјал за цементирање и полнење. Сепак, проблемот сè уште постои затоа што Етна не престанува да еруптира – изјави Силвио Грасо, инженер и раководител на цивилна заштита во градот Арeаре.

– Со секоја ерупција, Етна исфрла од десетици илјади до 200.000 кубни метри пепел. Ова е сериозен проблем за општините – вели Борис Бенке, вулканолог од Националниот институт за геофизика во Катанија.

Од февруари, Етна, лоцирана на 3.300 метри надморска височина, избувна, испуштајќи водопади од лава, високи дури 2.000 метри. Вулканолозите од Националниот институт за геофизика во Катанија, кои ја проучуваат пепелта на Етна, велат дека потекнува од таканаречената „примитивна магма“, која доаѓа од утробата на планината и носи поголеми количини на гас, што ги објаснува невообичаено високите ерупции.