Лудилото околу биткоин најверојатно помогнал сјајот на златото малку да потемни, но едвај крипто-валутата може да биде наречена замена за вредниот метал, пишува во свој коментар MarketWatch.
Во почетокот на декември, цената на златото достигна најниско ниво од јули наваму – на 12 декември цената на благородниот метал ја затвори трговијата при ниво од 1.241,70 долари за унца во позадината на релито на берзите и побарувачката на биткоини. Според аналитичарите, растот на Волстрит и побарувачката на крипто-валутата ја намалила побарувачката на златото.
Никој не верува дека биткоинот ќе го замени златото како засолниште за инвестициите – на крипто-валутата и недостасува околу 5 илјади години историја, коментира Адријан Еш, шеф на анлитичарската единица на „BullionVault“.
„Без разлика дали биткоинот ќе се претвори во парично средство, криптовалутата во моментов им нуди на инвеститорите жешка шпекулација, но не и безбедно засолниште“, додава тој.
Набљудувачите го обвинуваат биткоин за поткопување на растот на цената на златото во последниве денови, велат од MarketWatch. Ако трговијата со крипто-валутата се намали или има пад на берзите, апетитот за средствата-засолништа ќе се вратат.
Марк О`Биер од „GoldCore“ гледа сосема поинаков тренд – клиенти на компанијата продаваат биткоини за да купат злато и сребро, кои сѐ уште можат да бидат дефинирани како потценети. Трендот може да продолжи ако крипто-валутата почне да губи сигурност. Продажбата не е целосно надвор од дострелот на растот и параболичниот раст, вели тој.
Аналитичарот наведува дека биткоинот допрва треба да се докажува предвид уште пократкиот живот, ризикот од хакери и огромната нестабилност.
Доминик Марела, исто така, вели дека биткоинот има свои предности над златото – лесен за чување, многу мобилен, и лесно е да се купат стоки и услуги со него.