ФД СН ФИНАНСИИ има отворени работни позиции! БИДИ И ТИ ДЕЛ ОД НАЈУСПЕШНИОТ ТИМ!
ФД “СН финансии”- ДОО Битола е небанкарска финансиска институција, специјализирана за одобрување и исплата на брзи потрошувачки кредити. Ние сме првата финтек компанија со домашен капитал и постојано вложуваме во подобрување на условите за работа и надоградба на нашите вработени. Поради брзиот раст на компанијата и продажната мрежа ширум Македонија, Сн-Финансии Доо Битола има потреба од проширување на тимот, на следниве работни позиции:
Кредитен референт-Експозитура Штип
Кредитен референт-Експозитура Струмица
Кандидатите потребно е да ги имаат следниве квалификации:
Потребни квалификации
- Висoко образование,Економски факултет-предност ќе се смета искуството во продажна мрежа
- Солидно познавање на англиски јазик (пишан и говорен)
• Одлични комуникациски и продажни вештини
• Одлично владеење на MS Office пакет
• Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритети.
• Самоиницијативен, снаодлив и тимски работник
• Аналитички способности,систематични, упорни и енергични.
• Амбициозност и мотивираност, со желба за континуирана надградба и унапредување.
• Позитивен пристап
• Љубезност , учтивост и совесност.
Опис на работни задачи и одговорности:
- Промоција и продажба на кредитни производи
- Изработка и анализа на кредитно барање
- Градење на квалитетни односи со клиенти
- Поддршка на корисниците при избор на најсоодветна опција за кредитирање
- Поддршка на корисниците при процес на апликација
- Следење на потенцијални клиенти и комуникација со нив
- Зголемување на базата на нови клиенти во согласност со стратегиите на компанијата
- постојано следење на условите на пазарот
Вашата професионална биографија и мотивациско писмо испратете ги на [email protected] најдоцна до 22.08.2021 година, со назнака на огласот за кој аплицирате.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на тест и интервју.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на ФД СН финансии за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена податоците ќе бидат избришани.