Секогаш имајте на ум дека плаќањето со картичките на Комерцијална банка е брзо и безбедно. Меѓутоа, не заборавајте дека не е лошо да знаете неколку совети за нивно безбедно користење. Еве неколку:
- Не запишувајте го ПИН кодот.
- Најдобро е да го запаметите и никому да не го кажувате. Чувајте ги потврдите од извршените трансакции. Доколку забележите трансакција која е погрешна или на која не можете да се сетите, јавете се во Контакт центарот за картички на (02) 3 247 474.
- Кога сте на банкомат, внимавајте никој да не стои преблиску до вас.
- Внимавајте на датумот на истекување на картичката кога тргнувате на пат. Не чувајте ја картичката блиску до готовината зашто може да ги изгубите и двете.
- Кога купувате од интернет, пазарете само од проверени компании кои ја имаат ознаката Mastercard SecureCode® или Visa Secure. При купувањето треба да внесете име и презиме, адреса, број на картичка, CVC код и рок на важност на картичката и запаметете: никогаш не треба да го впишувате ПИН-кодот.