Германија има најголеми резерви на литиум во Европа и се подготвува за целосна еколошка експлоатација. Ова наскоро може да го разниша пазарот на литиум, кој се добива од рудниците и солени езера на многу „валкан“ начин.
Германија отсекогаш се сметала за земја сиромашна со суровини, но сега веќе не е: во термалните води длабоко под површината на почвата се наоѓаат најголемите резерви на литиум во Европа.
Засега, ова се првенствено резерви во таканаречениот ров на Горна Рајна (Оберрингербен) во југозападна Германија, на потегот од Базел до Франкфурт, долг 300 километри и широк 30-40 километри-на длабочина од 3 до 5 километри, пишува Дојче веле.
Според проценките на германските научници, станува збор за резерви еднакви на 16 милиони тони литиум карбонат, односно литиум потребен за батерии. Ова се количини доволни за батерии на повеќе од 400 милиони електрични автомобили.
Според германскиот институт за геологија и природни ресурси (BGR), водите во овој регион содржат помеѓу 200 и 400 милиграми литиум по литар – споредливо со некои солени езера во Јужна Америка.
Термалните води под Рајна веќе долго време се користат во геотермални електрани и се знае дека содржат многу литиум, но овој лесен метал доби важност само во последниве години, на почетокот на ерата на батерии за електрични автомобили.
Меѓутоа, до неодамна, немаше соодветна технологија за да се овозможи експлоатација на домашните резерви на литиум на економичен, еколошки и одржлив начин. Дури два патенти сега се поднесени или се подготвуваат.
Досега се испумпува солена вода, која има температура од 120 до 200 Целзиусови на длабочина од 3 до 5 километри, нејзината топлина се користи за производство на електрична енергија, а потоа се лади на 60-80 Целзиусови степени и се враќа на земјата.
Во производството на литиум, разладената вода се филтрира пред да се врати на земја.
Тој дел од процесот како и зголемувањето на концентрацијата на литиум до потребниот за батерии – ова е нова и чиста технологија Произведено во Германија. Ништо дополнително не се дупчи, не се додаваат штетни хемикалии, не се троши вода или фосилни горива. Еден нуспроизвод од веќе еколошкото производство на електрична енергија – сега ќе го направи производството на батерии и електрични автомобили значително почисто и – поевтино.
Така, Карлсруе стана главен град на европскиот литиум: во тој град се наоѓаат истражувачки центри и компанија која е на пат да пласира германски литиум.