Промет од 10,2 милиони денари остварен преку 81 трансакција при што се тргуваше со 22 хартии од вредност. Промет над милион денари остварија акциите на Комерцијална банка и Макпетрол при што имаа учество над 41 отсто во вкупниот промет.

Конкретно кај Комерцијална банка се истргува 861 лот и првпат во последните 12 месеци е постигната цена од 2.815,00 денари по акција, додека просечната цена на крајот на денот беше 2800,85 денари и раст на цената од 1,04 отсто.

Кај Макпетрол без голема промена на цената во однос на тргувањето од понеделникот (+0,04 проценти) при истргувана количината од 73 лотови по цена од 25.000 денари.

Тргување имаше и со обврзниците за денационализација РМДЕН15 и РМДЕН13 при што го заземаа четвртото и петтото место по остварен промет.

Акцијата на ФЗЦ 11 Октомври (ЦЕВИ) постигна најголем поединечен пораст на цената од 19,76 отсто со истргувани 140 лотови по цена од 503 денари.

 

15,01,2018