Продукцијата на новата телевизиска серија „Господарот на прстените“ ќе се пресели од Нов Зеланд во Обединетото Кралство, потврди продуцентската куќа Amazon Studios, пишува Би -Би -Си.

Епската фантастика, на која се уште не и е дадено титула, е сместена пред илјадници години пред настаните опишани во книгите на Толикн „Хобитот“ и „Господарот на прстените“.

Ова е голем удар за забавната индустрија во Нов Зеланд каде што беа снимени овие наградувани филмови.

Министерот за култура на Обединетото Кралство, Оливер Дауден, ја поздрави оваа одлука и рече дека благодарение на новата серија, илјадници висококвалитетни работни места ќе бидат отворени и поддржани во Обединетото Кралство.

Амазон студио веќе потроши 465 милиони долари за првата сезона на серијата. Првата сезона ќе се снима во Нов Зеланд до крај, а премиерата се очекува во септември 2022 година на програмата Amazon Prime.

Господарот на прстените потоа се сели во Обединетото Кралство и снимањето се очекува да трае уште четири сезони.

Министерот за економски развој на Нов Зеланд, Стјујарт Неш, рече дека е разочаран од одлуката. Владата на Нов Зеланд одобри дополнителни субвенции за Амазон да ја произведе оваа серија во април.

Министерот за економски развој тогаш рече дека договорот со Амазон создава нови локални работни места, отвора работни места за локалните бизниси и создава нов бран меѓународен туризам за земјата.

Коментирајќи ја одлуката за преместување на продукцијата, Стјујарт Неш рече дека филмската индустрија во Нов Зеланд е „неверојатно конкурентна и високо подвижна“. Тој, исто така, изјави дека не жалат што со помош на Владата дадоа се од себе за да ја поддржат продукцијата на серијата.

Амазон изјави дека нема активно да бара дополнителни субвенции.