Британскиот орган за заштита на конкуренцијата изрече казна од над 100 милиони фунти откако фармацевтската компанија „Адванс“ ја зголеми цената на лекот за тироидната жлезда, зголемувајќи ги трошоците на Националниот фонд за здравство и пациентите.

По истрагата, британското тело откри дека фармацевтската компанија наплатувала прекумерни и нефер цени од 2009 до 2017 година, за набавка на таблетите со лиотиронин што се користат во третмани на нарушувања на тироидната жлезда. Казнети се и компаниите коишто биле вклучени во тие набавки. Имено, па покрај „Адванс“, кој е казнет со 40,9 милиони фунти, на „Хг Капитал“ треба да плати 8,6 милиони фунти, а „Синвен“ – 51,9 милиони фунти.

Во 2006 година, пред имплементацијата на оваа стратегија, Националниот фонд за здравство трошеше 600.000 фунти годишно за овој лек. Но, трошоците се зголемиле на повеќе од 2,3 милиони фунти во 2009 година и натаму само растеа.