Портпаролите на Владата на Република Македонија Душко Арсовски и Мухамед Хоџа на денешната редовна прес-конференција информираа за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 99-та седница на Владата.
Тие посочија дека Владата го усвои и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија со кој се намалува бројот на членови во управните и надзорните одбори во јавните претпријатија, како една од мерките од Планот за борба против корупцијата.
Дополнително со измените и дополнувањата, се регулира постапката за избор на членовите на управни и надзорни одбори и висината на надоместокот.