По вчерашниот пад на вредноста, пазарот на криптовалути и денес е во минус.

Биткоинот утрово вреди 44.420 долари, а во последните 24 часа, неговата вредност е намалена за 3,04 проценти.

Етериумот е црвен утрово. За 24 часа вредноста падна за 2,49 проценти и во моментов се тргува по цена од 3.071 долар.

Опаѓаат и другите помалку познати крипто-валути. Цената на Рипл е 1,13 долари, што е за 3,42 отсто помалку, Кардано вреди 2,03 долари, што е пад од 1,46 отсто во последните 24 часа.