Во јуни оваа година во Охрид биле издадени пет одобренија за градба, објави од Државниот завод за статистика.
Во три случаи како инвеститор се јавува физичко лице, а во два правен субјект. Предвидена е градба на 37 станови со вкупна корисна површина од 2.895 м².
Во анализираниот период во Дебрца нема издадени одобренија за градење, додека во Струга се издадени 29 дозволи, од кои 20 на физичко лице и 9 на правно лице. Предвидена е градба на 72 станови со вкупна корисна површина од 8.379 м².
На ниво на Македонија во јуни се издадени 320 одобренија за градење. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 191 се наменети за објекти од високоградба, 43 за објекти од нискоградба и 86 за објекти за реконструкција. Од вкупно 320 објекти, на 164 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 156 објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 639 станови, со вкупна корисна површина од 61.828 м².